„Црна Гора не е моќна колку Данска, но не смееме да се опуштиме“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Филип Деспотовски беше одличен во првото коло против Данска, а пред мечот со Црна Гора вели дека ќе се потрудат да обезбедат втора победа на Европското првенство.

Деспотовски вели дека влогот е голем, а победа ќе значи пласман во следната фаза, но Македонија мора внимателно да ѝ пристапи на Црна Гора.

„Мислам дека Црна Гора не е моќен противник колку Данска, но ние не смееме да се опуштиме. Имавме одлична тактика за Данска, а сега треба истото да го направиме и со Црна Гора“, вели Деспотовски.