Црвена Звезда ангажира поранешен кошаркар на Мајами


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот кошаркарски гигант Црвена Звезда ангажира уште едно засилување пред следните предизвици, а станува збор за кошаркар со искуство од НБА-лигата.

Ц. Звезда потпиша со 24-годишниот плејмејкер Џавонте Смарт, кој во минатото играше за Мајами хит, Филаделфија севентисиксерс и Милвоки бакс.

Договорот меѓу Смарт и „црвено-белите“ важи до крајот на сезоната, но постои опција да биде продолжен на уште една година.