Црвена Звезда ангажира три засилувања во еден ден!


Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Српскиот гигант Црвена Звезда ангажира нови засилувања во завршницата на преодниот рок и го засили тимот пред предизвиците во Лигата на шампиони (ЛШ).

Црвена Звезда потпиша договор со српскиот репрезентативец Немања Радоњиќ, а доаѓаат и Силас Катомпа Мвумпа од Конго и Раде Круниќ од Босна и Херцеговина.

Екипата од Белград има големи амбиции за новата сезона, а пред сè е одбраната на титулата во домашното првенство, но и добар настап во Европа.