Тухел доби буџет - три напаѓачи од врвна класа се на листата со желби!

Томас Тухел го препороди тимот на Челси откако пристигна во Лондон, па до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во топ-4 во Премиерлигата, како и трофеи во ФА-купот и Лигата на шампиони (ЛШ).

Франк Лампард ја почна сезоната со Челси и потроши 253 милиони фунти на трансфери, но тоа не му помогна да се бори за титулата, по што Англичанецот доби отказ.

Сепак, Тухел ова лето ќе добие помал буџет, а англиските медиуми открија дека Германецот ќе има само 150 милиони фунти за трошење и императив е врвен напаѓач, кој може да постигне до 25 голови по сезона.

Ерлинг Халанд е голема желба, но засега ништо не е познато за неговата иднина бидејќи го сакаат многу гиганти, а се споменуваат и имињата на Ромелу Лукаку и Хари Кејн, иако ниту една од овие желби нема да биде лесна за остварување.