Тухел дозна колку пари ќе има за засилувања ова лето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британската Влада даде дозвола за продажба на Челси, па така клубот од рацете на рускиот милијардер Роман Абрамович ќе се пресели во сопствеништво на Тод Боели.

Англиските медиуми пишуваат дека Боели веднаш сака да донесе засилувања во клубот и да го врати на врвот во Премиерлигата, иако тоа нема да биде воопшто лесно.

Раководството на „сините“ ќе добие 220 милиони евра за засилувања во летниот преоден рок, но оваа сума може дополнително да се зголеми ако бидат продадени дел од фудбалерите, како што се планира.

Тренерот Томас Тухел ќе мора да си купи нов голгетер, откако Ромелу Лукаку не ги оправда очекувањата, а се очекуваат засилувања и во одбраната бидејќи тимот остана без Антонио Рудиггер, Андреас Кристенсен, а најверојатно ќе замине и Цезар Аспиликуета.