Тухел го зема како големо засилување, а Потер сака да го избрка во јануари?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германскиот тренер Томас Тухел во завршницата на преодниот рок го договори Денис Закарија на позајмица од Јувентус и требаше да биде големо засилување, но сепак тоа се промени по доаѓањето на Грем Потер на кормилото.

Закарија во Челси не добиваше шанса до мечот против Динамо Загреб во Лигата на шампиони (ЛШ) кога блесна и ги воодушеви навивачите.

Англиските медиуми пишуваат дека Закарија нема да остане во Челси затоа што не бил во плановите на Потер, кој сака да ја прекине позајмицата уште во јануари.

Закарија има договор со Јувентус до 2026 година, но ќе мора да бара друго решение затоа што ниту италијанскиот гигант не сака да го задржи во клубот.