Тухел ќе остане во Челси до 2024 година!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Томас Тухел ќе остане во Челси уште најмалку три години. Германецот потпиша договор со шампионот во Лигата на шампиони до 2024 година.

Тухел стигна во екипата на средина на минатата сезона, кога го замени Франк Лампард, а најпрво потпиша соработка на 18 месеци.

Меѓутоа, со одличните резултати Германецот го натера раководството на тимот да му понуди подолг договор.

Пред неколку дена тимот од Лондон за вторпат во неговата историја го освои трофејот во Лигата на шампиони, а по големиот успех Тухел беше еуфоричен и најави кои му се цели во иднина со екипата.

Германскиот тренер го водеше Челси на 30 натпревари од 26 јануари, а притоа запиша 19 победи, шест ремија и пет порази.