Тухел му одговори на Зидан: Често се заљубуваме во работи кои…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Зинедин Зидан на денешната прес конференција истакна дека е заљубен во младиот фудбалер на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Реал Мадрид и ПСЖ ќе се соочат утре на „Сантијаго Бернабеу“ во пресметка од Лигата на шампионите, а страстите ги зовреаја коментарите на двата стратези.

„Мбапе е заљубен во Мадрид? Заљубен сум и јас во него, баш заљубен и тоа одамна“ –изјави Зинедин Зидан за Мбапе, а потоа веднаш доби одговор од тренерот на ПСЖ, Томас Тухел.

„Не знам колку Зидан е заљубен во Килијан, но важно е дека Мбапе е наш играч. Често се заљубуваме во работите кои не можеме да ги имаме“ –порача Тухел.