Тухел: Му подаривме два гола на Лидс и тоа беше крајот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот тренер Томас Тухел не беше среќен поради очајниот настап на Челси, кој запиша убедлив пораз од 0-3 на гостувањето кај Лидс.

Голманот Едуард Менди направи голема грешка и им подари гол на домаќините, по што почна распадот на поранешниот европски шампион, кој во продолжение прими уште два гола.

„Одигравме добро во првите 20 минути, но потоа сè запре. Имавме одлични шанси на стартот, кои не ги искористивме и скапо го плативме тоа на крајот. Му подаривме два гола на Лидс, по што немаше враќање. Многу често се случува поради индивидуални грешки да примиме гол и мора да работиме на тоа“, кажа Тухел.