Тухел најави: Челси ќе се бори за сите титули следната сезона!

Тренерот на Челси, Томас Тухел верува дека следната сезона ќе се борат за сите титули во натпреварувањата во кои ќе учествуваат.

Тухел кажа дека уште е рано за такво нешто, но малку недостига да се стигнат ривалите како Манчестер сити и Ливерпул.

„Можеме ли да ја намалиме разликата со Манчестер сити? Во моментов тоа не е возможно, но следната сезона ќе имаме голема шанса. Сити имаше проблеми, но никој не ги искористи. Следната сезона ќе се бориме за сите трофеи“, кажа Тухел на прес-конференцијата.

Челси вечерва ќе игра дерби против Ливерпул во Премиерлигата.