Тухел не мора да се грижи за иднината, наскоро се сели на Островот!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот тренер Томас Тухел беше отпуштен од ПСЖ, но „Билд“ најави дека тој ќе ја продолжи кариерата во Премиерлигата, односно во тимот на Арсенал.

Според германскиот медиум, тимот од Лондон покажува најголем интерес за Тухел, откако Микел Артета ги разочара сите со неговото пристигнување на клупата на „топчиите“

„Топчиите“ играат катастрофална сезона и се блиску до зоната за испаѓање во Премиер лигата, па сериозно размислуваат за смена на Артета.

Тухел наводно преферира да седне на кормилото на Манчестер Јунајтед, но е подготвен да ја прифати понудата на Арсенал.