Тухел нема да жали премногу: Челси му исплати богатство!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот тренер Томас Тухел заработи отказ од Челси, по поразот од Динамо Загреб со 0-1 на „Максимир“ во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

„Дејли Мејл“ објави дека Тухел нема премногу да жали по Челси затоа што премиерлигашот му исплатил 17,5 милиони евра за отштета.

Заедно со Тухел си заминува и целиот стручен штаб на Германецот, кој пристигна во Челси во јануари минатата година и на 100 меча на премиерлигашот запиша 60 победи, а ги освои и ЛШ, европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство.

Челси летово потроши околу 300 милиони евра за засилувања, но тоа не даде никакви резултати и затоа Тухел си ги спакува куферите.