Тухел по триумфот против Реал Мадрид: Сите ни се плашат!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Томас Тухел смета дека неговата екипа заслужено се пласираше во финале на Лигата на шампиони (ЛШ), каде што ќе се соочи против Манчестер сити.

„Сините“ во двомечот го елиминираа Реал Мадрид со вкупен резултат 3-1, додека во реваншот Челси славеше со 2-0.

„Стануваме тим од кој сите се плашат. Бевме силни, посебно во второто полувреме. Концентрирани сме на теренот. Ова е голем успех и честитки до екипата“, кажа Тухел.

Во финале ќе се соочат против ривалот од Премиерлигата, Манчестер сити, кој сезонава е неверојатен.

„Заслуживме победа. Во првото полувреме ни беше тешко затоа што тие доминираа со топката. Сепак, бевме опасни на контри. Во продолжение заигравме подобро во одбрана, а во нападот бевме одлични. Требаше да постигнеме уште неколку гола, но сепак сега не е време за критика“, вели Германецот.

Мечот за трофејот во ЛШ е закажан за 29 мај во Истанбул.