Тухел разочаран: Постојат две причини за поразот на Челси!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси доживеа голем удар на гостувањето кај Саутемптон, откако беше целосно надигран и казнет со 1-2 поради ужасната игра која не му доликува на поранешен европски и англиски шампион.

Саутемптон успеа со пресврт да стигне до трите бода, а овој пораз го разочара тренерот Томас Тухел, кој кажа дека постојат две причини за поразот, а тоа се менталитетот и конзистентноста.

„Се мачиме со нашиот фокус на натпреварите, не е доволно добро ако се игра само 20 минути. Истото го направивме и со Лидс. Работите не беа во наша корист и почнавме да се мачиме, па затоа го испуштивме мечот. Мислам дека не е потребно многу за да нè победат. Тоа воопшто не ми се допаѓа. Проблем се и повредените фудбалери. Ковачиќ требаше да игра само 20 минути, но сепак мораше да одигра 45“, вели Тухел.