Тухел си ги полни џебовите: Германецот доби еден куп пари од ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Француските медиуми пишуваат дека Томас Тухел ќе добие шест милиони евра од ПСЖ затоа што пред време му беше раскинат договорот.

Германецот доби отказ по едно спорно интервју во кое кажа дека повеќе се чувствува како политичар, отколку како тренер.

Поради неговата изјава ПСЖ реагираше експресно и му даде отказ, а на негово место треба да седне Маурицио Покетино, кој како прво засилување го сака Кристијан Ериксен.

Тие двајца имаа одлична соработка во Тотенхем и постојат големи шанси да ја обноват соработката во Париз, зашто Данецот наскоро ќе го напушти Интер.