Турчин е хит во Лига Европа: Постигна шест гола на два меча и го засени Ибрахимовиќ! ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Напаѓачот на Лил, ЈусуФ Јазиџи игра неверојатно на гостински терен. Човекот се претвора во гол-машина, па сега е хит во лига Европа, откако постигна хет-трик против Милан.

Турскиот репрезентативец ја погоди мрежата на Џанлуиџи Донарума во 22, 55 и 58. минута, па притоа ги изненади домаќините на кои овојпат не можеше да им помогне ниту Златан Ибрахимовиќ.

Лидерот во Серија А беше немоќен пред турската машина, баш како и Спарта во првото коло, каде што Јазиџи постигна три голови.

Јазиџи е најдобар стрелец во натпреварувањето во моментов со шест голови и притоа стана прв човек кој постигнал шест голови на првите две гостувања во натпреварувањата на УЕФА.