Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Душан Влаховиќ постигна усмен договор со Бешикташ и е сѐ поблиску до голем трансфер во Истанбул.
Спортскиот директор на Бешикташ, Еде Граф, е во Белград каде што ги финализираше клучните точки од договорот со Влаховиќ. Остатокот од деталите допрва треба да се завршат, но јасно е дека задачата е скоро готова.
Влаховиќ се очекува да пристигне утре во Истанбул, каде што ќе го пречекаат навивачите на Бешикташ на аеродромот.
Душан Влаховиќ за тригодишниот договор со турскиот гигант би требало да заработи дури 30 милиони евра, што е приближно 10 милиони евра по сезона.
Српскиот напаѓач исто така очекува и бонус за потпис од 10 милиони евра, додека фиксираниот дел од годишната плата би изнесувал околу осум милиони евра. Останатите два милиони евра по сезона би се остварувале низ лесно достапни бонуси.
















