Турска легенда мора да вози такси: Ердоган ми зема – сè!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хакан Шукур, еден од поранешните најдобри фудбалери, како и турска легенда беше препознатлив по неговите настапи во текот на кариерата, како и освојувањето на Купот на УЕФА во 2000 година со Галатасарај.

Сепак, тој во моментов мора да вози такси за да преживее, а според него за тоа виновен е само еден човек, т.е. претседателот на Турција, Речеп Таип Ердоган.

„Почнав да работам како возач на такси во Вашингтон. Повеќе ништо не ми остана, Ердоган ми зема сè, правото на слобода, мислење и работа. Деловните простории на жена ми ги уништија вандали, а децата ми ги малтретираат на улица, добив многу закани. Кога отидов во 2015 година го затворија татко ми и ми ги замрзнаа сите сметки и ми го земаа имотот“, открива Шукур.