Турски гигант го сака потписот на Миовски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Бојан Миовски привлече голем интерес со одличните настапи во дресот на Абердин.

Турските медиуми пишуваат дека актуелниот шампион Трабзонспор ќе се обиде да го купи Миовски од Абердин, кој бара 1,7 милиони евра за неговите услуги.

Миовски наскоро би можел да му се приклучи на Енис Барди во Турција, освен ако Саутемптон не направи потег и не го украде од Абердин, откако претходно покажа интерес за него.

Македонскиот репрезентативец игра одлично во дресот на Абердин и во моментов се наоѓа на третата позиција на листата со стрелци во шкотското првенство со 17 голови.