Турски навивачи скандираа „Путин, Путин“ (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите на Фенербахче за време на дуелот против украински Динамо Киев почнаа да скандираат „Владимир Путин, Владимир Путин“ како провокација за ривалите.

Многу познати личности го осудија однесувањето на навивачите на Фенербахче, а најгласен меѓу нив беше турскиот политичар Чан Окар.

„Навивачите на Фенербахче го навредуваа нашиот народ и нашата држава со скандирање на Путин. Клубот воопшто не се извини, ниту го коментираше нивниот потег. Се чувствувам многу лошо, ова е најмрачниот ден во историјата на Фенербахче“, напиша Окар.

Со оглед на тоа дека скандирањето имаше политичка позадина, се очекува реакција од Европската куќа на фудбалот (УЕФА), која вообичаено ги казнува ваквите потези.