„Тутоспорт“: Милан активира нова „бомба“ - троши 40 милиони евра за фантастичен играч

Веќе неколку недели Милан се обидува да го донесе Анхел Кореа од Атлетико Мадрид, но двата клуба не може да се договорат околу висината на отштетата.

Токму поради тоа Бобан и Малдини бараат алтернативни решенија и како една можна опција го гледаат Анте Ребиќ.

Хрватот вреди 40 милиони евра, а Милан може да си го дозволи, па наскоро ќе тргне по потписот на Ребиќ, кој има искуство со настап во Серија А.

Претходно за Ребиќ интерес покажа и Интер, но никогаш не успеа да постигне договор. Некое време се шпекулираше за можен трансфер и во Атлетико Мадрид, но и тоа пропадна.

Сега во игра е Милан, чиј тренер Марко Џампаоло во Ребиќ гледа фудбалер, кој може да го искористи на повеќе позиции.