Убиецот од супермаркетот во Милано го избодел фудбалерот поради љубомора!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Андреа Томболини, кој со ноќ уби едно лице во супермаркет во Милано и повреди пет други, наводно ѝ кажал на полицијата дека почуствувал љубомора кон Пабло Мари.

Фудбалерот на Арсенал, кој во моментов игра на позајмица во Монца, е еден од повредените и беше на операција поради која го чека пауза од фудбалските терени до јануари 2023 година.

Италијанските медиуми пишуваат дека напаѓачот изгубил контрола кога го препознал фудбалерот и не се двоумел долго пред да го избоде.

„Почуствував љубомора затоа што на него му оди добро, а мене не“, наводно кажал Томболини на полицијата.