Убиствен одговор на Барса: Реал ненадејно доби голема ѕвезда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид во неделата убедливо со 3:0 славеше во незгодното гостување во Сан Себастијан.

Така Кралевите на одличен начин одговорија на големиот ривал и актуелен шампион, екипата на Барселона, која во саботата дури со 6:2 го надигра Бетис.

Многумина се плашеа од ова гостување, бидејќи во екипата на Зинедин Зидан ги немаше Лука Модриќ, Кристијано Роналдо и Карим Бензема. И покрај тоа, тимот од Мадрид одигра одличен меч и запиша целосно заслужен триумф.

Мадридските медиуми се воодушевени од изгледот на новиот Реал, бидејќи тимот не настапи без некои ѕвезди. Сите ги изненади што Кралеците не доведоа скапоцени засилуваља, со исклучок на враќањето на Мората.

Сепак, сите ги воодушеви Марко Асенсио, уште еден повратник. Минатите две зезони и позајмици во редовите на Маљорка и Еспањол се покажаа како полн погодок. Ова младо дете прво феноменално погоди против Севиља во Суперкупот, а и во неделата.

https://www.youtube.com/watch?v=rEp7GjXlXkg

https://www.youtube.com/watch?v=JqOkVovvYL4

„Ѕвездата е родена“, соопштија локалните медиуми. Асенсио во неделата одлично прифати долга топка од дефанзивот Варан и потоа во стило на Меси го префрли голманот на домаќините.

20-годишниот од Маљорка веќе денеска е централна тема на многу медиуми, а треба да се оддаде признание и на Зидан кој му веруваше и му даде шанса.

Беше тоа „допир на гението“, пишува Марка споредувајќи го Асенсиио со Кристијано Роналдо.

„Имам слатки маки од кои ме боли глава“, се пошегува Зинедин Зидан после триумфот над Реал Сосиедад алаудирајќи на составувањето на почетните состави, па продолжи:

„Размислував за Иско и Хамес, носе одлучив за овој состав. Асенсио одигра одлично, но добар беше и Матео Ковачиќ“.

https://www.youtube.com/watch?v=H76VU6IPYmY

Со право се поставува прашањето, што ќе биде кога во тимот ќе се вратат, Роналдо, Модриќ и Бензема? Дали конечно време е титула шампион на Шпанија да се слави и меѓу Кралевите.