Удар за „кралевите“: Асенсио повторно се повреди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид доби лоши вести, откако беше соопштено дека фудбалерот Марко Асенсио повторно се повредил, и тоа овојпат на тренингот со шпанската фудбалска репрезентација.

„Марка“ објави дека Асенсио почуствувал болка во коленото, по што му била препорачана пауза од неколку дена.

Ова ги загрижи фановите на Реал Мадрид поради тоа што Асенсио паузираше повеќе од една година поради повреда на вкрстениот лигамент и на теренот се врати дури летово.