УЕФА ги отстрани италијанските судии од европските натпреварувања поради коронавирусот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Европската фудбалска федерација (УЕФА) реши судиите од Италија да не ги ангажира за европските натпревари следната недела и тоа поради коронавирусот.

Италија, покрај Кина, е подрачје со најмногу заразени од коронавирусот, па неколку десетици луѓе починаа, а од ден во ден се зголемува бројката, па УЕФА на овој начин реши да не презема никаков ризик.

Тоа што е сигурно е дека италијанските судии следната недела нема да ги гледаме во Лигата на шампиони и Лига Европа.

Да потсетиме, Фудбалскиот сојуз на Италија ја затвори вратата за навивачите на еден месец поради коронавирусот, а претходно одложија и неколку натпревари.