УЕФА го даде образложението: Еве зошто на Ливерпул и припадна луксузната и соблекувална наменета на домаќинот…?! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Големото финале во Лигата на шампионите се игра на 1. јуни во Мадрид на стадионот „Ванда Метрополитано“ помеѓу Тотенхем и Ливерпул.

Иако до мечот остана уште неколку недели веќе почнаа со провокации од обата табори. Сепак, работите ги „искомплицира“ самата УЕФА која објави дека играчите на Ливерпул ќе бидат сместени во домашната, а оние на Тотенхем во гостинската соблекувална.

Домашната соблекувална која инаку му припаѓа на Атлетико Мадрид далеку е полуксузна од онаа на гостите што предизвика бес кај навивачите на Тотенхем. Ним не им е јасно како е можно „Црвените“ да ја добијат оваа соблекувална, бидејќи Тотенхем ја има улогата на домаќин.

Поради ваквата одлука настана хаос на социјалните мрежи меѓу навивачите на Тотенхем кои побараа објаснување од УЕФА. Иако не е обичај УЕФА некому да се правда, на крајот излегоа и ја објаснија својата одлука.

Организаторите на ова финале, разговарале со полциијата и сите кои се вклучени во обезбедувањето на мечот и поради сигурдносни причини ја донеле ваквата одлука.

Имено, влегувањето во соблекувалната на домашниот тим се наоѓа на трибината на која ќе бидат и навивачите на Ливерпул, а гостинската онаму каде што ќе бидат навивачите на Тотенхем. Поради сигурдносни причини ја донеле ваквата одлука да ги променат тимовите во соблекувалната, па така домашната и полуксузна соблекувална им припадна на „Црвените“.

Секако, УЕФА ќе постави сопствен декор во совлекувалните специјално за финалето, но разликата е драстична. Можеби токму луксузната соблекувална ќе значи и ментална предност за „Црвените“. Којзнае, во ваквите дуелу одлучуваат и најмалите детали.