УЕФА го одложи доделувањето на казна на Хрватска поради деликатниот процес


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Од Уефа добивме информација поврзана за суспензијата на репрезентацијата на Хрватска поради големите проблеми со однесувањето на навивачите на натпреварот против Чешка на ЕП.

Да потсетиме, хрватските хулигани го прекинаа мечот кој е завршен со нерешен резултат 2:2, а причина за тоа беше големата борба против Хрватскиот фудбалски сојуз, и според зборовите н навивачите, крадците кои седат во фотелјите на ХНС.

УЕФА вчера попладне закажа објава за интезитетот на казната поради таквото однесување, но од врвот на куќата на европскиот фудбал стигна информација дека донесувањето на одлуката е одложено на неодреден период поради компликации во овој процес. Во УЕФА сакаат да донесат исправна одлука за казната, и не сакаат одлуката да биде избрзана.