УЕФА губи сила: Клубовите добија огромна сума на пари за учество во Суперлига


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неколку европски гиганти не се откажаа од идејата за создавање на европска Суперлига во која ќе се натпреваруваат само најсилните тимови во светот.

Многу прашина се крена откако 12 тимови соопштија дека формирале Суперлига, која треба да почне да функционира од август, иако УЕФА се закани со суспензии за фудбалерите.

Суперлигата треба да бидем составена од 16 постојани учесници и четири кои преку квалификации ќе изборат пласман во ова натпреварување како национално првенство.

Според информациите за Суперлигата „зелено светло“ дале Реал Мадрид, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Барселона, Ливерпул, Арсенал, Атлетико Мадрид, Милан, Јувентус, Интер и Челси.

Секој клуб ќе заработи по 425 милиони долари само за да прифати покана за учество во ова ново елитно натпреварување.