УЕФА и ФИФА со нови закани – кој ќе игра во Суперлига, не може да оди на ЕП и СП!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европските гиганти синоќа создадоа европска Суперлига составена од 12 тимови и се очекува други да им се приклучат, но „Скај Спортс“ ги пренесува заканите од УЕФА и ФИФА:

УЕФА и ФИФА планираат да им забранат на фудбалерите кои ќе бидат дел од Суперлигата да настапат на Европското и Светското првенство.

Со оглед на тоа дека Суперлигата ќе почне уште годинава, УЕФА се закани дека фудбалери од 12 тимови нема да може да играат на ЕП, кое почнува во јуни.

ФИФА планира да направи нешто слично и да ги суспендира сите кои ќе настапуваат во Суперлигата, па останува да видиме како ќе реагираат на тоа Јувентус, Милан, Интер, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул, Арсенал, Челси, Тотенхем, Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид.