УЕФА им се закани на тимовите кои сакаат Суперлига: Ќе „летаат“ суспензии!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дел од европските гиганти сакаат да организираат европска Суперлига, каде што нема да мора да играат против „малите екипи“, а Европската фудбалска унија (УЕФА) се спротистави на тоа.

Суперлигата требаше да биде составена од 16 тимови кои ќе бидат постојани учесници и уште четири кои ќе изборат пласман во натпреварувањето преку националните првенства.

Меѓутоа, УЕФА е против организирање на таква лига, а притоа соопшти дека казните ќе бидат остри и притоа ќе воведе одредени промени во Лигата на шампиони (ЛШ).

Тимовите кои сакаат организирање на Суперлига се Реал Мадрид, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Барселона, Арсенал, Атлетико Мадрид, Милан, Јувентус, Интер и Челси.

„УЕФА и раководствата на најсилните лиги добија информација дека дел од англиските, шпанските и италијанските клубови планираат организација на Суперлига. Ако тоа се случи, тогаш ќе дадеме максимум да го запреме тоа. Играчите ќе добијат забрана да настапат за нивната репрезентација“, соопштија од Европската куќа на фудбалот.