УЕФА испрати последно предупредување до сите фудбалски сојузи!

УЕФА, пред да започне со планирање на календарот за сезоната 2027/28, презеде потег кој може значително да влијае на распоредот на домашните првенства и купови низ цела Европа.

Европската куќа на фудбалот испрати јасно предупредување до сите национални сојузи дека натпреварите од домашните натпреварувања во иднина не смеат да се преклопуваат со термините предвидени за натпреварите од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига.

Како што пренесува Мундо Депортиво, УЕФА претходно оваа недела испрати циркуларно писмо до сите членки, заедно со потврдата на термините за европските клупски натпреварувања, а во дописот е посебно нагласено правилото кое може да предизвика сериозни промени во домашните календари.

“Натпреварите од домашните натпреварувања не смеат да се играат во истите термини како натпреварите на УЕФА, освен ако тоа не го бараат исклучителни околности”, се наведува во пораката на УЕФА.

Затоа, националните сојузи повеќе нема да можат да ги распоредуваат првенствените и куп натпреварите како досега, доколку нивните термини се поклопуваат со европските клупски натпревари.