УЕФА ја „награди“ жртвата на инцидентот помеѓу ПСЖ и Башакшехир?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мечот кој беше прекинат во Париз меѓу ПСЖ и Башакшехир во Лигата на шампиони ќе се одигра денеска.

УЕФА во меѓувреме соопшти дека судиите се променети, па Романците ќе одат дома, додека други колеги ќе ги заменат на натпреварот.

Средбата беше прекината во 14. минута, кога е исклучен помошниот тренер на турскиот шампион, Пјер Вебо, при што биле употребени расистички навреди.

Во текот на минатите часови УЕФА реши да го избрише црвениот картон на Вебо, па тој ќе може вечерва да биде заедно со екипата.

Натпреварот ќе почне во 18.55 часот, а ќе се игра со почеток од 14. минута. Резултатот во тој момент беше 0-0.