УЕФА ќе го промени правилото за гол во гости!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европската фудбалска федерација (УЕФА) во петок ќе го промени правилото поврзано за головите во гости, но само еден дел од него.

Веќе со години важи правилото според кое, во случај на ист број голови во двомеч, понатаму минува тимот кој ќе постигне повеќе погодоци во гости.

Меѓутоа, од следната сезона ова правило би требало да се промени во натпреварувањата од УЕФА, односно головите нема да важат во судиско надополнување, туку ќе бидат сметани само во регуларните 90 минути. На тој начин ќе се израмнат екипите по шансите за пласман во продолженија.

Тренерите сакаа да се укине ова правило, но УЕФА не даде поддршка за таква промена, туку мала измена во него.