УЕФА нема конкретно решение за Евро 2020?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Сите да се жртвуваат и да дадат своја жртва за доброто на фудбалот во Европа“ е барањето на првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин за да се изнајде барем минимално прифатливо решение за продолжување на фудбалот кој запре по пандемијата со коронавирус на Стариот континент.

Видео-конференцијата која ќе стартува од утринава, а се очекува да трае најмалку до 13 часот откако Чеферин и најблиските соработници ќе се консултираат со сите за евентуални решенија кои ќе донесат извесно одложување на Евро 2020.

Британски „Гардијан“, најави дека драматични одлуки не треба да се очекуваат, затоа што освен одложување на Евро 2020 и тоа за една година во летото 2021 година ќе биде единствената конкретна одлука. УЕФА ќе им овозможи со тоа лигите да завршат подоцна од предвиденото, за клубовите да немаат сериозни финансиски загуби, но… Сето тоа практично е на стенд-бај.

Причината е едноставна, ниту УЕФА, ниту СЗО, ниту локалните власти во земјите во Европа не знаат кога опасноста од коронавирусот ќе ја снема, кога целата пандемија ќе стивне, па фудбалот би можел да се игра во нормален тек.

„Не очекувајте нешто сериозно да се случи надвор од откажувањето на Евро 2020. Сигурно е дека ќе се разговара за многу сценарија, ќе има предлози, ама за сè на крајот решение конкретно ќе нема. Од причина што вирусот сега го диктира темпото, а засега големи се неизвесностите кога фудбалот би можел нормално да функционира. Се најавуваат датуми, но ‘вишата сила’ е таа што диктира сè“, рекол за „Гардијан“ функционер кој денес ќе биде дел од видео-конференцијата.

Постојат низа сценарија во кои УЕФА можно е да препорача до секоја земја во зависност од борбата со коронавирусот сама да решава за своето првенство, дали предвреме ќе прогласи првак и европретстаници или ќе го користи пролонгирањето на сезоната (не секоја земја ги има истите проблеми со епидемијата). Второ е УЕФА да предложи да се жртвуваат Куповите за да се отворат термини, како што УЕФА е подготвена со поинаков формат да ги заврши ЛШ и Лига Европа, со практично фајнл-ејт турнир на неутрален терен во два викенди. Елитните лиги, пак, би добиле шанса да си ја завршат сезоната заради преголемите пари што би можеле да ги загубат. И тука некако да се истурка сезоната. Другото сценарио, т.е. најлошото е да се поништат сите сезони, па во новата практично да се влезе со истите клубови со која започнаа и овие, но сето тоа предизвикува голем ревлот најмногу кај големите, кои не сакаат вакво сценарио, ама доста релевантни личности, посебно од Англија најавуваат дека можно е фудбал воопшто да не се игра до септември.