УЕФА реагираше: Еден град остана без организација на ЕП!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европското првенство (ЕП) летово нема да се игра на стадионот „Сан Мамес“ во Билбао, откако реагираше Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Билбао требаше да биде еден од 12 градови домаќини на ЕП, кое е поместен за летово во период од 11 јуни до 11 јули.

УЕФА инсистираше дека стадионите мора да ги отворат капиите барем за минимален број на навивачи.

Амстердам, Баку, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Рим, Глазгов, Лондон и Санкт Петербург се согласија, додека Билбао, Даблин и Минхен уште не се согласија на такво нешто.

УЕФА го одреди 23 април како конечен рок, но организаторите од Билбао мораа да се откажат затоа што нема да можат да дадат гаранции.