УЕФА реши: Русија остана без финале во ЛШ, мечот ќе се игра во Париз


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европската фудбалска унија (УЕФА) донесе решение да го промени домаќинот на финалето во ЛИгата на шампиони (ЛШ), па така Санкт Петербург нема да го организира мечот на 28 мај.

УЕФА реши да го премести финалето поради воениот конфликт меѓу Украина и Русија, па така натпреварот ќе се одигра во Париз.

Исто така, ќе се преместат сите натпревари кои требаше да се играат во рамки на УЕФА во Русија и Украина, а тоа во моментов влијае само на еден натпревар, кој треба да го одигра Спартак Москва.

Во четвртокот фудбалските сојузи на Полска, Чешка и Шведска испратија писмо до ФИФА во кое повикаа да ѝ се забрани на Русија организирање на натпревари од плејофот за Светското првенство (СП) во 2022 година.