УЕФА се закани со жестоки казни: На Бугарија не ѝ се пишува добро!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин денеска повика Владата да ја засили „војната против расистите“ за да помогне на да се исфрли расизмот од стадионите, откако англиските фудбалери беа навредувани во Софија во текот на мечот со Бугарија.

Чеферин го обвини порастот на национализам ширум Европа за потикнување на расизмот на натпреварите и најави дека УЕФА ќе воведе строги казни.

УЕФА ги чека извештаите на делегатите и судиите, а партнерот на Европската куќа на фудбалот, бара на Бугарија да ѝ се забрани учество во квалификациите за Евро 2020 година како казна за повторениот прекршок поврзан со расизмот.