УЕФА укина правило – нема да важи голот на гости!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европската фудбалска унија (УЕФА) реши да го укине правилото за гол во гости од сите натпреварувања, кои се одржуваат под водство на оваа организација, па екипите повеќе немаа да имаат предност на ова правило во вкупниот резултат во нокаут-фазата.

Правилото важеше уште од далечната 1965 година, кое помагаше да се одреди патникот во следното коло, односно победникот кога резултат од двата натпревари беше нерешен.

Доколку двете екипи имаа ист број на голови во вкупниот резултат и ист број погодоци на гостински терен, тогаш тие играа продолженија, па пенали, но тоа повеќе нема да се случува.

УЕФА реши да направи вистинска револуција со бришење на ова правило, а нивна цел е да се внесе поголема возбуда во натпреварите и да нема чување на резултат како во минатото.

„УЕФА направи правилна одлука да го земе во предвид фактот дека повеќе не е прифатливо да важи правилото за гол на гостински терен“, кажа Александар Чеферин.