УФЦ доби нов шампион: Переира со пресврт го реши Адесања (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нигериецот Израел Адесања ја прекина победничката серија од 12 натпревари и ја загуби титулата во средна категорија, до 84 кг, во УФЦ.

Адесања минатата ноќ загуби од Бразилецот Алекс Переира, кој го победува по третпат во кариерата, откако претходно двапати се соочија пред повеќе од 10 години.

Поранешниот првак ја контролираше борбата во првата, третата и четвртата рунда, но сепак Переира во петтата рунда успеа да го притисне противникот и со неколку одлични удари да го совлада со технички нокаут на три минути пред крајот.