Украински ракометар е најново засилување за Тиквеш


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Тиквеш денеска го промовира најновото засилување, а тоа е 24-годишниот украински ракометар Данило Осадчиј.

Осадчиј е кружен напаѓач висок 197 сантиметри и треба да помогне во играта во двата правци на теренот, а со Тиквеш потпиша двегодишен договор.

Украинецот доаѓа во Кавадарци од редовите на шпанска Уеска за која минатата сезона настапи на 30 меча, а постигна 10 голови.

Тиквеш претходно се засили со Дарио Кофилоски и Мартин Димовски, додека за тренер беше назначен Драган Марковиќ.