Уметноста на „ѓаволите“: Резултатите на Јунајтед се лоши, но профитот е – рекорден!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот клуб Манчестер јунајтед откри дека во претходната година остварил рекорден профит од неверојатни 627,1 милион фунти.

„Црвените ѓаволи“ немаат добри резултати на теренот, но тоа очигледно не влијае на финансиите на клубот, кој во период од јуни 2018 до јуни 2019 остварил најголема добивка во историјата.

Ед Вудворд е задоволен со податокот, но вели дека освојувањето на трофеи е сега главниот приоритет на клубот.

„Продолжуваме со засилувањата на тимот и академијата, што е во рамки со филозофијата на нашиот менаџер. Купивме три одлични фудбалери минатото лето, а потпишавме нови договори со важни фудбалери и имаме намера да продолжиме во ист правец“, вели Вудворд.