Умтити ги отфрли шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот од одбраната на Барселона, Самуел Умтити истакна дека не е заинтересиран за трансфер во Арсенал, нешто што се шпекулираше во последно време.

Се шпекулираше дека францускиот стопер би можел да се пресели во Премиер лигата, но тој истакна дека му кажам на својот агент да не се занимава со неговиот трансфер во летниот преоден рок.

„Му кажав на мојот агент, што и да се случи на трансфер пазарот дека нема потреба да разговара со мене за тоа. Не сум заинтересиран за ништо“ –истакна Умтити за „Канал +“.