Унаи Емери седнува на клупата на италијански гигант?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот стратег кој оваа година доби отказ од Арсенал, Унаи Емери се поврзува со можно враќање во тренерските води.

Имено, медиумите во Италија пренесуваат дек Емери би можел да седне на клупата на Милан затоа што клубот има потешкотии да се договори со Ралф Рагник кој е прв избор за управата на „росонерите“.

Извршниот директор на Милан, Иван Газидис еднаш веќе успеа да го убеди Унаи Емери да соработуваат заедно кога во 2018 година Шпанецот дојде во Арсенал.