Управниот одбор на ФФМ ќе решава за иднината на Ангеловски!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот селектор Игор Ангеловски има договор до 31 декември со ФФМ и тоа е човекот кој испиша историја во македонскиот фудбал со пласманот на Европското првенство (ЕП).

Во претходниот период се шпекулираше за иднината на Ангеловски, иако тоа е доста чудно затоа што Игор е единствениот селектор, кој ни донесе радост и пласман на ЕП.

Денес во „Студио 10“ на ТВ 24 гостуваше претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини.

„Игор Ангеловски уште е селектор на ФФМ. Му истекува договорот на 31 декември. За тоа ќе размислуваме со Управниот одбор, затоа што сите одлуки кои се носат кај нас не се носат поединечно. За тоа постои орган, како што се донесе одлука за продолжување на актуелниот селектор, кој го направи најголемиот успех на нашиот национален тим, по истекувањето на договорот ќе се разгледаат барањата на селекторот и ќе се донесе одлука“, кажа Сејдини.