Урнебесно: Фудбалер на Свонси му покажа жолт картон на судијата (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рајан Брустер кој настапува во Свонси на позајмица од Ливерпул имаше несекојдневна ситуација на последниот меч, кој ќе го памети по неговиот потег.

Судијата на мечот Грегор Елтрихам во еден момент остана без жолт картон, кој му испадна на теренот, па него го зема Брустер и му го покажа на судијата, што ги насмеа присутните на стадионот.

За да биде уште поинтересно, судијата на него му покажа жолт картон неколку минути подоцна, но тогаш не стануваше збор за шега, туку за казна по остар старт на средината на теренот.