Урнебесно: Политичари дојдоа на стадион, па навивачите го дезинфицираа цел стадион! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Необична ситуација беше забележана во Шпанија, каде што навивачите на Рајо Валјекано направија потег со кој станаа хит во светот.

Навивачите на тимот ги собраа симпатиите од јавноста откако решија да го дезинфицираат стадионот затоа што на него пристигнале политичари.

На натпреварот меѓу Рајо Валјекано и Албасете биле присутни двајца политичари на десничарската партија на „Вок“, а ова предизвика реакција кај фановите, кои тргнаа во акција и го дезинфицираа целиот стадион.

Да потсетиме, за екипата на Рајо Валјекано настапува македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, кој со другарите се обидува да се врати во Ла Лига.