Уругвај ја победи Гана, па испадна од Мундијалот: Ѕвездите сакаа да ги тепаат судиите (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јужна Кореја славеше со 2-1 против Португалија и така го обезбеди своето место во осминафиналето, иако Уругвај до последен момент се надеваше на пласман во нокаут-фазата поради победата против Гана (2-0).

Португалија водеше со голот на Рикардо Орта, но Корејците се вратија во игра со погодок на Јунг Гвон Ким во 27. минута, по што Хванг Хе Че стрелаше за целосен пресврт и победа од 2-1.

Уругвај од друга страна погоди двапати преку Де Араскаета од 26 до 32. минута против Гана, но сепак ниту тоа не им помогна да се пласираат во осминафинале.