УС Опен – Ја имаме првата полуфинална двојка!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во полуфиналето на УС Опен, бидејќи вечерва ја победи Хрватот Борна Чориќ со 1:6, 7:6 (6), 7:6 (1), 6:3.

Седмиот тенисер во светот стигна до своето второ грен слем полуфинале, а првото во Њујорк, по три часа и 24 минути игра.

Ова беше петта средба помеѓу Зверев и Чориќ и втора победа на германскиот тенисер. Исто така, Зверев ги загуби сите три претходни тај-брејка против Чориќ, но вечерва најде решение и за тоа.

Зверев ќе се бори за место во финалето на УС Опен против Пабло Карено-Буста, кој го совлада Денис Шаповалов во пет сета (3:6, 7:6 (7:5), 7:6 (7:4), 0:6 , 6:3).