Уште еден дефанзивец од Бундеслигата во Ливерпул! Црвените лидери во трката за Вајналдум


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клоп ги изненади сите со изборот на дефанзивец кој ќе чини 5 милиони евра.

Јирген Клоп најде уште едно засилување во Бундеслигата и е во завршна фаза од преговорите. Нов фудбалер на црвените ќе биде Рагнар Клаван, естонскиот дефанзивец од Аугсбург.

Ова е изненадување за сите навивачи на Ливерпул бидејќи Клаван има 30 години. Клубот  успеа да ги сочува во тајност желбите на Клоп бидејќи деталите излегоја во финишот на преговорите. Трансферот би требало да изнесува 5 милиони евра, а тоа е сума кој Аугсбург не можеше да ја одбие. Договорени се и евентуални бонуси.

Клаван доаѓа како итно засилување со оглед на ситуацијата со дефанзивците. Клоп остана само со Ловрен и Матип бидејќи Сако и Гомез се повредија, Шкртел и Туре си заминаа, а Тиаго Илори не го убеди дека заслужи шанса. Естонецот ќе биде алтернатива за дефанзивците.

После Клаван, Ливерпул би требало да се фокусира на уште едно засилување. Островските медиуми пренесоја дека црвените водат во трката за доведување на Жоржињо Вајналдум од Њукасл за кој има интерес и од Рома, Тотенхем и уште некои клубови. Ливерпул не успеа да го доведе Зиелински од Удинезе кој најверојатно ќе заврши во Милан па со насочи кон Вајналдум. Следат напорни преговори со Њукасл кој прво бараше 32 милиони евра, па потоа намали на 30. а Ливерпул сега нуди 24 милиони.