Уште еден доказ колку е голем: Кога се повредив, Коби беше прв човек кој ми се јави!


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Американскиот кошаркар Марио Чалмерс се присети на ситуацијата кога сфатил колку голем човек бил Коби Брајант. Трагично починатата легенда од НБА-лигата прва му дала поддршка на плејмејкерот кој се борел со тешката повреда на Ахиловата тетива.

„Тоа беше тежок ден за мене. Зборував со менаџментот околу новиот договор, ми беа повредени душата и гордоста. На поинаков начин гледав на кошарката и животот, многу работи ми беа на ум. Коби беше првиот човек кој ми се јави. Ми помагаше при целиот процес. Двејн Вејд исто така беше тука за мене. Коби и јас продолживме да се допишуваме по победата“, кажа тој.